Подобрете го производството

  • Намалете ги трошоците за производство
  • Плаќајте ги вработените во однос на нивната продуктивност
  • Зголемете ја продуктивноста за 10-30% со имплементирање на ефективен систем за контрола
  • Без никаки инвестиции, само месечна претплата
  • Пробен период 1 месец

Започнете го Вашиот пробен период

Мал преглед на нашиот систем

BudleTrack е систем за контрола на производството во текстилната индустрија, но исто така е погоден и за која било друга компанија со масовно производство и добро дефиниран производен процес. Со нашиот софтвер за управување со производството ќе можете да ја подобрите профитабилноста на Вашата компанија со намалување на трошоците за производство и зголемување на ефикасноста на Вашата работна сила.

Закажете презентација

Погледнете што имаме направено за дел од нашите клиенти

Интегриран систем за правење на работните налози заедно со нивниот клиент

Целосна контрола на клиентите до која фаза е стигната нивната нарачка. Таа цел е постигната со тоа што клиентите сами се најавуваат со посебно корисничко име и лозинка во кое што ги гледаат само податоците за нивната нарачка, како и фазата до каде е стигната нарачката. Најважниот дел е, што самиот клиент може да следи до колку проценти е изработен неговиот работен налог. Со оваа функционалност не само што овозможуваме самите производители да си го планираат правилно производството, туку и самите клиенти за кого производството работи да можат да си го планираат пласманот и прераспределбата на производените продукти. Сепак и покрај тоа што ова е овозможено за клиентите, сопствениците на апликацијата се тие што одлучуваат дали ќе им дадат пристап до истата.

Повеќе

Зголемување на ефикасноста и ефективноста при производството и организацијата на производството

>Со имплементацијата на овој систем, самата компанија добива современ систем во кој што целото производство и вработените во производството ќе бидат внесени во самата апликација, целокупната нивна работа врз основа на дневните активности ќе биде мерена, анализирана и стратегиски поставена од самите лидери и менаџери на производство, со цел што е можно подобро да ги прераспределат работните процеси во производствот. Апликацијата е составена од неколку важни модули. Секој модул сам по себе ја зголемува ефикасноста на самата компанија, додека продуктивноста се зголемува дирекно во самото производство. Со помош на оваа апликација самите лидери/бригадири во производството ќе можат правилно да ја прераспределат работата, и на лесен начин да проценат кој вработен на која позиција во производство е најдобар. Менаџерите и самите лидери/бригадири можат во реално време да следат кој работен налог до која фаза е изработен. Лидерите/Бригадири, следат во реално време кој вработен колку изработил од зададените партии на соодветниот налог.

Повеќе

Интегрирање на BundleTrack апликацијата со ERP системите на нашите клиенти

Нашиот тим од делот за развој изработи посебно API со кое на едноставен, брз и безбеден начин се поврзуваме со ERP системот или пак со засебен систем за производство или систем за човечки ресурси. . На тој начин со помош на нашите извештаи, и следењето во реално време на работата на вработените од производство, на нашите клиенти им е овозможено вреднување на вработените по учинок, работен час, и самата продуктивност како клучен фактор.

Повеќе

Што им нудиме на нашите клиенти

Не се потребни инвестиции

Можете да имплементирате ефикасен систем за контрола без никаква инвестиција. Вие не треба да инвестирате во сервери, мрежни уреди и софтвер, само треба да платите месечна претплата за користење. Се што ви е потребно е интернет конекција.

Вие ги контролирате трошоците за производство

Системот нуди прецизни и детални информации за трошоците за производство. Вие точно знаете колку чини да произведете производ, кои се проценетите и кои се вистинските трошоци, а со овој систем ќе имате увид каде се разликите и каде може да имате некои заштеди.

Ја знаете работната ефикасност на секој вработен

Вие ќе ја знаете секојдневната работна ефикасност на секој вработен, врз основа на што ќе можете да постигнете подобра организација на производство и ќе имплементирате систем кој ќе ја оптимизира работата , а со тоа ќе ја зголеми и продуктивноста.

Плаќајте ги Вашите вработени во однос на нивната продуктивност

Знаете точно што и колку секој вработен изработил и системот го пресметува неговото ефективно работно време. Поврзувањето на месечните примања со индивидуалната продуктивност е важен мотивациски фактор за секој вработен и води кон зголемување на продуктивноста.

Контролирајте ги недостатоците во квалитетот

Со системот лесно може да ги идентификувате лицата кои прават грешки во процесот на производство. Имајќи ги овие информации, може да се спроведе строга контрола на квалитетот и значително да се намалат трошоците поврзани со недостатоци во квалитетот.

Знаете што се случува во фабриката, каде и да сте во светот

Се што ви е потребно е интернет конекција и точно го знаете дневното производство и сите важни податоци за производството.